Кога поради карантинот во Австралија беа затворени баровите и рестораните, пиварниците останаа со огромни резерви на пиво.

Но, наместо да го фрлаат, во сојузната држава Јужна Австралија, вишокот пиво добило нова намена – се користи за напојување на постројките за прочистување на вода.

Во пречистителната станица на отпадни води во Гленелг, западно од Аделаида, во последните месеци милиони литри неискористено пиво од локалните пиварници се претворени во обновлива енергија.

Во постројката се меша органски индустриски отпад со тињата од отпадните води, за производство на биогас, кој потоа се претвора во електрична енергија на која работи целиот објект.

Обично се генерира доволно биогас за да обезбеди околу 80 проценти од потребите за струја.

Сепак, резервите од пиво ја промениле ситуацијата и производството на енергија достигнало 654 мегавати за еден месец.

„Со додавање на околу 150.000 литри пиво неделно, во мај произведовме рекордни 355.200 кубни метри биогас и уште 320.000 кубни метри во јуни. Тоа е доволно за напојување на 1.200 домови“, рекла за Си-ен-ен, менаџерката Лиса Ханант.

извор: Makfax