Вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор, Хазби Лика почнал да доаѓа на своето работно место, а присуствувал и на последните неколку владини седници, велат од Владата.

Неодамна премиерот Зоран Заев кажа дека одговорност ќе мораат да понесат сите оние што не ги исполнуваат задачите, но и што не доаѓаат на работните места, а земаат плата.

„Не размислуваме за реконструкција при вакви сериозни парламентарни процеси. Секако, ако некој министер не доаѓа на влада – логично е дека владата треба да седне да размисли тоа да се промени. Разговараме со коалициските партнери кои споделиле одговорност со нас во делот на другите ресори ако се случат такви потреби, па ако некаде немаме ефекти, знаеме како”, изјави неодамна премиерот Заев.