Белгискиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Русија, тимот на Зенит, Аксел Витсел, остана само сон за клупските челници и за најверните фанови на италијанскиот калчо гигант Милан.

Потпретседателот на популарните “росонери”, Адијано Галијани се обиде за време на последниот ден од летниот преоден рок да ги осигура услугите на одличниот играч за врска но не успеа да пронајде заеднички јазик со челниците на рускиот клуб.

Италијанскиот клуб сакаше прво да го позајми Витсел, а потоа на крајот од сезоната да го откупи неговиот договор за 25 мил. евра, но челниците на Зенит побараа веднаш да бидат исплатени 25 мил. евра за обештетувањето на белгискиот интернационалец.

Се обидувавме до крајот на летниот преоден рок, дадовме се од себе, но знаевме дека ќе заврши на ваков начин, изјави Галијани за италијанските медиуми.

За време на летниот преоден рок, седумкратниот европски клупски шампион потроши околу 86 мил. евра за да ги осигура услугите на Карлос Бака, Алесио Ромањоли, Луиз Адријано, Марио Балотели, Андреа Бертолачи, Јураи Куцка и Хозе Маури.

Пред да заврши летниот преоден рок Милан се ослободи од услугите на Алесандро Матри кој е позајмен на Лацио, Хачим Мастур кој е позајмен на Малага и Кристијан Ѕакардо кој е продаден на новајлијата во елитното друштво, тимот на Капри.