Салата со спанаќ, грашок и фета
Потребно (за 4 порции):
фета сирење
2 раце млад спанаќ
1-2 раце грашок
маслиново масло
сол
пипер
Подготовка: Проварете грашок, најдобро на пареа. За тоа време направете прелив: измешајте 4 – 5 лажици маслиново масло, сок од половина лимон, сол и пипер. Кога грашокот ќе се излади, во сад за салата измешајте ги сите состојки. Фета сирењето треба да биде на парчиња, а не здробено или изрендано.
Салата од спанаќ и печени пиперки
Потребно (за 2 порции):
1 печена црвена пиперка
90 мл маслиново масло
60 г сечкан кромид
450 г спанаќ
3 лажици оцет
ситно сечкано чешне лук
рендан пармезан
Подготовка: Со маслиновото масло измешајте ги пиперот и солта, па во оваа маринада оставете ја печената пиперка. Исчистете и измијте го спанаќот, додадете го сечканиот кромид и оцетот и на исечканата печена пиперка. Загрејте го маслиновото масло од маринадата и прелијте го преку салатата, посипете со пармезан и веднаш послужете.
Салата од праз и јаболка Салата која освежува и има волшебен вкус. Феноменална е за летниот период.
Потребно (за 2 порции):
праз
зелено јаболко
пармезан сирење (старо)
сол
пипер
сок од лимон
маслиново масло
Подготовка: Празот исечкајте го лисесто. Исчистете ја свежата зелена јаболка, па и неа исечкајте ја на тенки лисести парчиња. Исцедете еден лимон, додадете лажичка маслиново масло, пипер и сол. На врвот од салатата изрендајте го пармезанот.
Салата од печурки
Потребно (за 4 порции):
2 лажици сенф
малку масло
мајонез
2 лажици сечкан магдонос
конзерва печурки, но цели
пипер
сол
2 варени јајца
Подготовка: Сенфот изматете го со малку масло да се добие мазна маса, па во неа додадете мајонез, магдонос, печурки, сол и пипер, по желба. Се измешајте и украсете со рендани јајца.