Вистинска позиција и добра приказна
Како некои мажи секогаш почнуваат конверзација со некоја девојка во клуб без никакви проблеми? Секогаш наоѓаат вистински збор на вистинско место и во вистинско време. Ама, не и не е така едноставно како што изгледа на прв поглед. Работата е во тоа што овој тип на мажи спаѓаат во оние “кои јуришаат”. Тој не се срами од ништо, свесен е за вредноста на производот “кој го нуди” и секогаш тргнува со цел да победи. Не може ништо да му го расипе планот и секогаш оди понатаму, на крајот на вечерта во својот мобилен ќе има запишано барем десет броеви на девојки, кои најверојатно никогаш нема да им се јави. Важно е само тоа што тој е способен тоа да го направи. Самоувереноста му е најсилна страна. “Оној кој јуриша” ризикува и е подготвен понекогаш и да изгуби, ама тој сигурно повеќе добива од типот на мажи кој се нарекува “тој што гледа”. Овој тип на маж седи цело време во клубот со чаша пиво во една рака, а другата му е на шанкот покрај мобилниот телефон. Цела вечер ја гледа девојката што му се допаѓа, и ништо. Тој би сакал нешто да направи, ама не е во состојба. Девојката одвреме-навреме ќе помисли дека е лудак или манијак и го избегнува неговиот поглед. Тој се предава на судбината и чека совршен момент, кој да бидеме реални нема да дојде. За “оној кој само седи”, чека и гледа, стане како “оној кој јуриша”, мора да запамети дека најважна работа е локацијата! Место во клубот, барот или дискотеката. Не е важно само да имате вистинска приказна и добра фора, туку мора да знаете и каде да се поставите. Влезната врата, блиску тоалетот и кај шанкот се трите точки кои се најфреквентни (и нормално подиумот за играње, ама тука мажите и не се многу јаки). Најлесно е конверзацијата да ја започнете кај шанкот, највпечатливиот поглед кој можете да го испратите е кај вратата, веднаш штом таа ќе влезе, а најинтересен разговор се води кај тоалетот додека чекате на ред. Од друга страна, немојте цело време да стоите на едно место. Полека движете се низ гужвата, така ќе видите повеќе девојки, а ако некоја посебно ви се допадне, можете да забележите дали ве следи со поглед. Една од најуспешните фрази која секогаш пали, а не е нападна е кога таа се наоѓа зад вас кај шанкот и чека да нарача пијачка. Прашајте што сака да пие и вие нарачајте наместо неа, ама немојте да го платите пијалакот бидејќи не треба да изгледа дека вие честите, туку да покажете дека сте фини и внимателни. Таа не мора да знае дека сте ја гледале цело време и дека сте дотрчале до шанкот кога сте ја здогледале дека стои и чека. Запамтете, девојката мора да ја погледнете додека стои под некое светло. Ако излезете надвор и не ја препознаете, не е баш фино.