Кога ги гледаме светски познатите актерки, пејачки, манекенки, водителки, како ни се насмевнуваат од големиот екран или од колорните веб или страници на магазините, сакале да признаеме или не, по малку ни е мака, колку се убави, дотерани, секогаш во топ форма. Едноставно тие се совршенство без мана, па и да сакаме не би можеле ништо да одземеме или да додадеме во нивниот изглед. Извајана става, без вишок килограми, секси биста, блескав тен, сјаен поглед, сензуални усни…Уште кога ќе забележиме дека овие убавици нашата посилна половина ги голта со поглед, а често, особено во друштво, паѓаат и солени коментари за тоа, кој што би им направил, кога само би можел, е тогаш ни доаѓа да пукнеме од мака. Но драги мои дами, еве нешто што дефинитивно ќе ве утеши и ќе ви ја врати самодовербата. Сите тие беспрекорни и совршени убавици, натокмени и со шминка, понекогаш се само обични жени од соседството, со темни подочници, нечист тен, понекое мозолче, сува и избрчкана кожа, несредена фризура, целулит… Кога не се подложуваат на повеќечасовна врвна шминка, и славните актерки и пејачки, изгледаат не толку привлечно, а некои од нив и толку обично, што веруваме, никој по нив нема да се заврти на улица, а камоли да им побара автограм. За да видите што се може шминката, која патем, со малку стручна помош и многу трпение речиси од секоја жена може да направи убавица, како од списанијата, еве ви нудиме неколку споредбени фотографии, колку да видите како мегаѕвездите изгледаат без и со шминка. Веруваме дека ако нема легенди, можеби нема да погодите дека на фотосите се:Памела Андерсон, Кортни Кокс, Камерон Дијаз, Алиша Силвестрон, Шер, Џенифер Лопез, Бритни, Кристина Агилера, Опра Винфри, Винона Рајдер, Ема Томпсон…


Кортни Кокс









Кристина Агилера









Памела Андерсон








Камерон Дијаз









Алиша Силвестрон










Бритни











Шер











Џенифер Лопез














Голди Хоун