x

Винс Картер објави крај на кариерата

Искусниот дефанзивец Винс Картер официјално објави дека ја завршува 22-годишната играчка кариера. 43-годишниот кошаркар минатата година, кога потпиша едногодишен договор со Атланта Хокс, објави дека 2019/20 ќе му биде последна сезона во кариерата во НБА лигата. Меѓутоа осумкратниот учесник на Ол-стар не успеа да ја заврши сезоната поради коронавирусот кој ја стопира НБА лигата.

НБА лигата соопшти дека ќе продолжи сезоната со 22 екипи, но Хокс не е меѓу тимовите кои се најде на тој список поради лошиот скор.

Картер одигра 1541 натпревар, а настапуваше за Торонто (1998-2004), Њу Џерси (2004-2009), Орландо (2009-2010), Финикс (2010-2011), Далас (2011-2014), Мемфис (2014-2017), Сакраменто (2017-2018) и Атланта (2018-2020).

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата