Меѓународната заедница, вклучувајќи го и НАТО, ја споделува одговорноста за досегашниот неуспех во апсењето на обвинетите за воени злосторства Радован Караџиќ и Ратко Младиќ, но најголемата одговорност за нивното апсење е врз владите на БиХ и Србија, изјави портпаролот на НАТО, Џејмс Апатурај. Тој истакна дека не е сигурен оти некој знае каде се наоѓаат Караџиќ и Младиќ.