Винарија Стоби” и оваа година зема учество во интернационалниот вински саем во Белград, Беовајн” што се одржува од 21 до 24 февруари. Во текот на четирите саемски дена, винаријата Стоби” ќе го претстави својот асортиман на бели, црвени и розе вина.
-Иако Стоби” вината се веќе присутни и позиционирани на српскиот пазар сепак, мислиме дека саемското претставување си носи свои предности во однос на експанзија и промоција токму онаму каде што е најпотребна, меѓу експертите, дистрибутерите, деловните посетители, сомелијерите и вистинските, посветени познавачи на виното – изјави Лидија Трајковска, комерцијален директор на Перминдекс”.
Дополнителен мотив за учество на овој саем, според неа, е промовирање на винскиот туризам.