Пред девет години, Арсен Венгер се смешкаше после убедливиот триумф на Арсенал на “Максимир”, но во средата, францускиот стручњак мораше да му честите на предводникот на Динамо (З), Зоран Мамиќ и да го признае заслужениот пораз.

Освен кај судиите, предводникот на “топчиите” вината за поразот ја лоцираше и кај францускиот интернационалец Оливие Жиру кој заработи црвен картон во финишот од првото полувреме.

При првиот жолт картон кој го заработи Жиру имаше фаул, а при вториот имаше само случаен инцидент. Немаше среќа при првиот картон, но не смееше да протестира кај главниот судија. И фудбалерите на Динамо (З) направија неколку слични прекршоци, но не добија жолт картон. Сепак мора да ја прифатиме судиската одлука. Нормално дека сме многу разочарани. Исто така мислам дека првиот погодок беше постигнат од офсајт ситуација. Не одигравме како што треба, но беше многу тешко да се игра со играч помалку. Ова не е вистинскиот Арсенал, но бевме казнети и од главниот судија. Математички се уште сме во игра за пласман во следната рунда, но мора да го дадеме максимумот. Можеме да го победиме Динамо (З) во Лондон, изјави Венгер.