Металург и ВВ Тиквеш одиграа машки и борбен натпревар од првата до последната минута, а кавадарчани се до 35. минута се претставија како сериозен противник, кој е дојден во Автокоманда да ги освои бодовите. Во таков стил и го одиграа натпреварот, но се до моментот кога снемаа сили и кога домаќинот со брзите контри на Зубиќ и прецизните проектили на Кузмановски и на Миркуловски за неколку минути од 15:16 направи позитива од 20:16, со што победникот беше решен. Во редовите на ВВ Тиквеш мошне добро претставување имаа двајцата поранеш ни металурзи Димитровски, кој постигна 7 голови и Петровски со 5 погодоци, а на голот на ВВ Тиквеш се појави и репрезентативецот Петар Мисовски, кој имаше повеќе успешни интервенции. Се на се, убава ракометна претстава, со две различни полувремиња, а за домаќинот ова беше и последна проверка пред саботниот настап во Купот на ЕХФ на гости против словенечкиот Термо од Шкофја Лока. (В.П.)