Вилијам и Кејт основаа глобална награда за придонес во екологијата
Војводата Вилијам (37) и војвотката од Кембриџ, Кејт (37), објавија дека основале глобална награда за придонес во екологијата и најавија деценија на дејствување во насока на обнова на планетата Земја.
Секоја година од 2021 до 2030 година, наградата наречена Earthshot, ќе ја добиваат петмина, пренесува Би-би-си. Поединци или организации што наоѓаат и предлагаат решенија за еколошки проблем ќе добијат парична награда.
Наградата ќе биде официјално основана во 2020 година и има цел да најде најмалку 50 решенија за најголемите проблеми во светот вклучувајќи ги климатските промени и загадувањето на воздухот. Информацијата ја пренесе сер Дејвид Атенборо во видеоснимка на социјалните мрежи.
Проектот на почетокот ќе го води Кралската фондација на војводата и војвотката од Кембриџ, но во блиска иднина може да прерасне во независна организација.
извор: Makfax