x

Виктор Мосес шести пад по ред на позајмица – сега во Русија!

moses

Нигерискиот интернационалец Виктор Мосес имаше солидна минутажа во Интер но на крајот миланскиот клуб не одлучи да го откупи неговиот договор. Нигериецот се врати во Англија, во Челзи кој реши повторно да го испрати на позајмица што ќе биде шеста.

Овој 29-годишен фудбалер сигурно ќе го напушти „Стемфорд Бриџ“ затоа пак ќе биде позајмен, а англиските медиуми откриваат дека тоа ќе биде во Русија и тоа во Спартак од Москва.

Мосес во 2012 година направи трансфер од Виган во Челзи. Меѓутоа веќе во следната сезона беше позајмен во Ливерпул, наредната во Стоук, па во Вест Хем, па Фенербахче и претходните шест месеци ги помина во Интер.

Инаку Мосес е младински англиски репрезентативец, но потоа одбра да игра за А селекцијата на Нигерија (38 настапи и 12 голови).

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата