x

„Викингот“ Амод Килде повторно победи во Вал Гардена!

amod-kilde

Александар Амод Килде повторно триумфираше на патеката во италијанскиот Вал Гардена во рамките на Светскиот куп. По вчерашната победа во супервелеслаломот, популарниот „Викинг“ денеска победи и во спустот.

Тој заврши пред Американецот Рајан Кохран и Швајцарецот Бит Фојц.

Амод Килдер е прв во генералниот пласман со 335 бодови пред Марко Одермат кој има 290 и Алексис Пинтуро со 276 бодови.

Утре и задутре на програмата се велеслаломот и слаломот во Алта Бадиа, а во вторник слаломот во Мадона ди Кампиљо.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата