Сообраќајната полиција во петокот, изврши увид на 11 сообраќајни незгоди, од кои пет се со последица материјална штета и шест се со телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобиле шест лица.

Во сабота, извршен е увид на вкупно 14 сообраќајни незгоди, девет се со последица материјална штета, четири се со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле осум.

Се случила и една незгода во која со тешка телесна повреда се здобил еден пешак.

Сообраќајната полиција вчера извршила увид на вкупно седум сообраќајни незгоди, од кои две се со последици материјална штета, две се со последица телесни повреди, а со полесни повреди се здобиле пет лица.

Се случиле и две незгоди во кои со тешки телесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, еден возач на мотоцикл, а со телени повреди се здобил сопатник на мотоцикл.

Во една сообраќајна незгода загинато е едно лице. Истата се случила во 10 часот и 5 минути на улицата „Александар Урдаревски” наспроти бензинска пумпа „Супер Оил” број 1 во која учествувало патничко моторно возило „нисан премира” со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје, кој изгубил контрола над возилото, излегол со возилото надвор од коловозот и удрил во бетонска ограда и метална капија. Како последица од незгодата едно лице (совозачот) го загубило животот, а со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото моторно возило.

Во текот на изминатите три дена санкционирани се 102 возачи кои со возилото се движеле со брзина поголема од дозволената, 26 возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 17 возачи поминале на црвено светло на семафор, 18 возачи не го почитувале правилото за првенство на минување на пешаците на обележан пешачки преми, како и 19 возачи не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото.

“Пајакот” отстрани 109 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.