На патот кон Маркова сушица во попладневните часови на 18 март настанал пожар при што горела нискостеблеста шума.

Од МВР информираат дека кај нив било пријавено оти во пожарот била опожарена викендичка, сопственост на 76-годишен скопјанец, а биле зафатени и возила „хонда“ и „дефендер“ на 65-годишник од Скопје.

Пожарот бил изгаснат, а на местото на настанот се врши увид.

извор: Makfax