x

Виери: За голот против ПАОК ме наградија со „Ферари 550 Маранело“

Италијанскиот напаѓач Кристијан Виери во сезоната 1997/98 играше за Атлетико Мадрид и во таа сезона иако дебитантска за него беше најдобар стрелец во Ла Лига. Од таму се пресели во Лацио. А две децении подоцна „Бобо“ раскажа интересна анегдота од периодот додека настапувал за шпанскиот клуб.

Претходно изјави дека во Шпанија секоја ноќ излегувал по вечери и пијанки и пак бил најдобар стрелец во првенството, а сега раскажа за тоа како тогашниот претседател Хесус Хил му кули автомобил вреден 200.000 евра ако постигне хет-трик против ПАОК на мечот во Купот на УЕФА.

Преку Пауло Футре кој на претседателот Хил му беше омилен играч му порачав дека доколку постигнам три гола за подарок очекувам автомобил. Хил се согласи на предлогот. Се сеќавате на оној убав гол, речиси од корнер знаменцето? Целиот свет тогаш се воодушевуваше на погодокот, но никој не знаеше дека тој гол ми донесе „Ферари Мартинело“.“, вели Виери.

 

Атлетико го доби тој меч со 5:2.

File:Ferrari 550 maranello vue avant.jpg - Wikimedia Commons

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата