Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен избегнува каков било конфликт, а со тоа ја ослабува нејзината позиција и ја става во опасност ЕУ, оценува виенскиот весник „Пресе“.

Весникот во текстот со критичен тон наведува дека фон дер Лајен на почетокот на кризата предизвикана од коронавирусот делувала како истата да не постои.

„Кога во италијанските болници веќе владееше ужас, таа на почетокот на март одржа прес-конференција, фалејќи се за првите 100 дена на функцијата“, се нагласува во анализата на „Пресе“.

Весникот особено ја критикува претседателкат на ЕК за избегнување на конфликт во односот кон Унгарија и Полска, кои, како што пишува авторот, сè повеќе се движат кон авторитаризам.

„Комбинацијата од гледање настрана, кимање со глава и полирање на фасадата ја ослабнува не само личната позиција, туку и претседателската функција, а на крајот и целата ЕУ“, констатира „Пресе“.

 

 

извор: Makfax