Лидерот на британската Лабуристичка партија, Џереми Корбин, ја нарекол премиерката Тереза Меј „глупава жена” за време на денешната парламентарна седница, пишуваат медиуми посочувајќи дека до ваков заклучок дошле дел од оние кои успеале од уста да ги прочитаат зборовите на Корбин, за што беше објавено и кусо видео.

Неговата забелешка, која не била слушната, но била кажана, беше снимена од телевизиски камери за време на седницата за прашања и одговори што се одржува во британскиот парламент секоја среда, објави Ројтерс.

Корбин, на седницата, непрекинато ја напаѓал Меј поради нејзината одлука да го одложи гласањето во Парламентот за договорот за брегзит.

Меј на Корбин му порача дека тој нема да ја има поддршката од членоивте на неговата партијата за прашањето за ЕУ.

„Имам совет за господинот – погледнете зад себе! Тие не се импресионирани, ниту пак е земајата”, му порача Меј на Корбин, по што според дел од оние кои биле присутни Корбин тивко рекол „глупава жена”, пишува Ројтерс.

извор: Makfax