Власта да одговори каде завршуваат околу 2/3 од парите од 21 милионскиот договор за ангажирање на работници, склучен во четири очи помеѓу РЕК Битола и СВ – Инвест, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Според информации кои доаѓаат до нас СВ-Инвест која со РЕК Битола има склучено договор за ангажирање на работници по цена од 197 денари од час по работник, на работниците им исплаќа само по 75 денари од час. Или тоа е 1/3 од парите кои ги добиваат по работник. Овие уплатници го потврдуваат токму она за што говориме. На оваа уплатница стои сумата која што еден работник ја земал во текот на еден работен месец, вели Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

извор: Makfax