Сопственик на мотор повикал пожарникари бидејќи забележал дека змија се вовлекла во возилото што го паркирал кај Градскиот стадион во Подгорица.

Сцената го привлекла вниманието на минувачите, а пожарникарите по десетина минути ја извлекле змијата, наведувајќи дека не станува збор за отровница.

Тие змијата ќе ја вратат во природно живеалиште, пренесе порталот ЦдМ.

Овој период од годината е вообичаен за змиите, а во Црна Гора живеат 15 видови на змии.

извор: Makfax