Хрватска имаше предност од шест гола на полувремето, но на крајот се „тресеше“ да стигне до 28:27 победа над Чешка за освојување на петтото место на домашното Европско првенство.

Во првото полувреме, Хрватите направија одлична предност, предводени од фантастичниот Стевановиќ на голот, но опуштањето во финишот на мечот можеше да ги чини победа, откако Чесите се вратија на гол разлика на една минута пред крајот.

Златко Хорват беше најдобар кај Хрватите со фантастични 10 голови, додека пет додаде Игор Карачиќ, додека кај Чесите најефикасен беше Ондреј Здрахала со неверојатни 13 голови, со што е најдобар стрелец на првенството со вкупно 55 погодоци.

Натпреварот очигледно не успеа да го побуди интересот на домашната публика, откако во загрепската „Арена“ имаше едвај 2 илјади гледачи.

Наместо борба за медали, како што очекуваа домаќините, тие се соочија со празни трибини и сега се најавува голема промена во репрезентацијата, со повлекувањето на Игор Вори и најверојатно последниот натпревар на Лино Червар како хрватски селектор.

извор: Makfax