Шпанската полиција уапсила група од три жени и седум мажи по потекло од Хрватска. Дванаесете обвинети лица се товарат за тешки кражби, тие кражбите ги извршувале главно во крајбрежните градови Торевије и Малага, како и во уште неколку околни провинции, соопшти шпанската полиција.

Шпанската полиција објави и видео од апсењето. Според информациите од полицијата, официјаните лица најпрвин идентификувале неколку членови на бандата, откако извршиле грабеж во Картагена, а потоа ги следеле до нивното седиште во Торевије, каде и биле уапсени.

Како што соопшти шпанската полиција, тие имале неколку автомобили кои ги менувале на различни локации по грабежите. При апсењето пронајдени се голем број на накит и други украдени предмети, како и четири сомнителни возила.

извор: Makfax