Меган Маркл стана една од најпопуларните жени во светот од свршувачката со принцот Хари, но нејзината кариера не беше најсјајна на почетокот. Најголемиот успех го постигна во серијата „Костуми“, а претходно имаше мали и незабележани улоги, па работеше со години на телевизија.

Сега, обожавателите и хејтерите на кралското семејство ископаа старо божиќно видео на Ричард Маркс од 2012 година, кое има нешто повеќе од 140 илјади прегледи на ЈуТјуб.

На видеото, Меган се појавува неколку секунди облечена во Дедо Мраз и ја отвора устата кон текстот на песната.

Многу гледачи се шокирани од нејзината трансформација и признаваат дека е фасцинантно како таа се претворила од непозната актерка во една од најпознатите жени во светот, а хејтерите секако не пропуштија шанса да коментираат за англиската Пепелашка .