Министерот за здравство, Венко Филипче, информираше дека сите 48 пациенти со коронавирус се стабилни, со непроменета клиничка слика, како на Клиниката за инфективни болести во Скопје, така и во Дебар. Пациентката којашто е на респираторна машина е со стабилни витални параметри и нема знаци за влошување на состојбата.

Министерот Филипче изјави дека е исклучително добро тоа што пациентите се откриваат во рана фаза, заради тоа што само пациенти кои се откриваат во доцна фаза директно ги зафаќаат местата во одделите за интензивна нега – нешто што во многу земји го колабира здравствениот систем.

„Ја упатувам пораката – ова не е нешто што може само здравствените работници или здравствениот систем да го изменаџира. Исклучително е важна улогата на граѓаните, на нивната свест, сите требаат и мораат да придонесат оваа криза се надмине“, потенцираше министерот Филипче.

Тој кажа дека е направен план и за ставање во функција на третман на пациенти со коронавирус во Градската општа болница „8 Септември“.

„Со оглед на тоа што се изнудува потреба за друг тип на лекарска интервенција – на пациенти кои се сомнителни или имаат веќе потврден коронавирус, со цел да се зачуваат останатите капацитети, во болницата „8 Септември“ направивме посета со посебна комисија – директори на повеќе клиники и претставници на Комисијата за инфективни болести. Заедно на лице место се утврди патот, текот на движење на пациентите, делови за изолација во делот на тријажата, приемните амбуланти, една посебна операциона сала, една посебна ангеографска сала, еден посебен кабинет за ехо- дијагностика и еден целосно посебен оддел којшто во овој момент има 22 кревети и две респираторни машини. Со ова, практично, ги обезбедуваме сите пациенти од државата во моментот кога ќе бидат дијагностицирани или пак ќе бидат сомнителни дека имаат коронавирус, а потребна им е некаква друга форма на хируршка или друг тип на интервенција – директно да бидат препратени во болницата „8 Септември“, со цел да не одат по другите јавно-здравствени институции. Тука ќе биде воспоставен алгоритам. И кадарот помина една кратка едукација денеска на Инфективната клиника: како да се пристапи на пациентите, како да се земе материјал, при што доколку станува збор за пациент којшто има само сомнение и нема потреба од многу голема итност ќе биде почекан резултатот и потоа ќе се одлучи дали ќе се лекува“, изјави министерот Филипче.

Министерот рече дека се работи планот за посебни пунктови во рамки на Здравствениот дом во Скопје, кој треба да стартува веќе од почетокот на наредната недела, а за принципот на функционирање Министерството ќе информира по утврдување на планот.

Во Дебар од утре ќе се упати уште еден пулмолог и уште еден педијатар, поради тоа што таму има луѓе од здравствениот сектор, здравствените работници коишто се носители на вирусот.

„Денеска заседаваше и главниот кризен штаб во Владата – се разговараше за повеќе прашања во Дебар. Во текот на утрешн%D

извор: Makfax