Американскиот претседател Доналд Трамп го даде своето прво интервју на телевизија пред камера откако на 1 октомври му беше дијагностициран коронавирус.

Трамп се појави на телевизијата „Фокс Њуз“, каде рече дека се чувствува многу добро. Во разговор со д-р Марк Сигел, тој рече дека е повторно тестиран и дека смета дека е или негативен или скоро негативен. Тој додаде дека не знае кога му е следниот тест.

На прашањето како се чувствувал во болницата, тој рече дека бил уморен и дека ја немал енергијата која вообичаено ја има. Тој исто така рече дека смета дека можел да ја напушти болницата порано по земањето на лекот.

„ Тие сакаа да ме остават под опсервација, но јас сакав да заминам по првиот ден“, рече Трамп.

Тој ги пофали болницата и лекарите кои се грижеа за него. Нагласи дека е многу важно тоа што рано открил дека е заразен.

На прашањето дали имал идеја како се заразил со коронавирусот, тој одговори: „ Не знам. Имавме неколку големи настани во Белата куќа и можеби таму“.

„ Едно е што ќе научиш. Ова е многу заразна болест“, заклучи Трамп.

Тој додаде дека денес планира да одржи говор од балконот на Белата куќа.

извор: Makfax