Претседателот на САД, Доналд Трамп веднаш се тргнал од службеничката со која присуствувал на прес-конференција, откако рекла дека имала блага треска во текот на викендот.

Кординаторката на Белата куќа за борба против коронавирусот Дебора Беркс зборувале за важноста на одговорноста што треба да ја покаже секој човек за време на пандемија на коронавирус.

Таа е лекарка и дипломат назначена од Трамп да ја предводи работната група за борба против коронавирус, и ги изненадила сите на прес-конференцијата во понеделникот, признавајќи дека имала треска, односно блага температура, во саботата.

„Забележавте дека не бев тука во текот на викендот, тоа е затоа што имав треска“, рекла лекарката.

На нејзината изјава прв реагирал Трамп, со тоа што веднаш скокнал и „избегал“, односно се оддалечил неколку чекори од лекарката.

Бидејќи на почетокот се смеел, тоа на сите им изгледало како шега, но, Трамп потоа се вратил еден чекор подалеку од местото каде што претходно стоел.

Претседателот малку се смирил кога лекарката рекла дека е тестирана на коронавирус и тестот е негативен.

„Ах, тоа е добро. Драго ми е што го кажавте тоа“, рекол Трамп со олеснување.

извор: Makfax