Американскиот претседател Доналд Трамп беше исвиркан на Светскиот економски форум во Давос откако ги обвини медиумите дека се злобни и лажливи.

Тој всушност рече дека откако станал политичар сфатил колку медиумите може да бидат злобни и лажливи. Ваквата изјава предизвика негодување кај присутните, а дел го исврикаа. Трамп додаде дека додека бил само бизнисмен бил добро третиран од медиумите, но се се променило откако влегол во политиката.

извор: Makfax