За време на емитувањето на емисијата „Каде сме“ на турскиот ТВ канал „Нет“, водителот на емисијата Ерем Шентурк најпрво го удри струја, а потоа и за малку ќе се струполеше пред камерите.

Медиумите во Турција објавија дека популарниот презентер во живо бил погоден од „електричен коронавирус“.

Поточно, тој доживеа струен удар откако го допре екранот поставен во студиото, а потоа се сопна и за малку ќе паднеше пред очите на гледачите.

Шентрук сега се чувствува добро, соопшти раководството на ТВ каналот.

„Ако го преживеам овој благословен петок, ќе продолжам и натаму да ја водам емисијата“, се пошегува презентерот.

извор: Makfax