Зоран Заев, главата на октоподот, главата на државната мафија, е спремен да го жртвува датумот за почеток на преговори со ЕУ, само и само за да си го продолжи криминалниот век! Јасно е дека без исполнети услови нема датум за почеток на преговори со ЕУ, а Зоран Заев не дозволува ниту да се донесе квалитетен закон за ЈО, ниту да се расчисти со високата корупција во која што се вмрежени и администрацијата и правосудството, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Македонија ја тресат корупциски скандали од највисок степен со инволвирани имиња од власта, а нема решение, нема процес, нема ништо за ниту еден случај:

–Нема никаква разрешница за прислушувањето на јавните обвинители.
–Нема разрешница за Курто Дудуш и киднапирање и физичко малтретирање на граѓани.
–Нема разрешница за партизацијата со „Мрежа“, нема разрешница за злоупотреба на фондови.
–Нема разрешница за „Тополки“, нема разрешница за „Леонардо“, нема разрешница за „Рекет“.

Едноставно, нема разрешница за ниту еден од скандалите за кои што пишуваат и меѓународни медиуми! Сега за „Рекет“, претходно за „Леонардо“, пред тоа за корупција и уценување во парламентот!

Наместо справување со криминалот и корупцијата, Заев приведува новинари во полициски станици, обвинува и силува медиуми кои објавуваат за криминалот и корупцијата, без основа притвора опозициски функционери кои што говореа за криминалот и корупцијата на државната мафија!

Зоран Заев судството го претвори во пазар, тргува со правото и правдата, и притоа турка Закон за амнестија на октоподот, за заштита на рекетарското здружение, закон за наградување заради политичкиот прогон.

Ова не се европски вредности, ова не се условите за добивање на датум за почеток на преговори со ЕУ, ова не се цели на Република Македонија. Ова се цели на Зоран Заев, фатен во криминал и кој што ќе стори се’ за да го продолжи векот на октоподот на државната мафија претворајќи ја Македонија во семеен нарко – картел.

Граѓаните и Република Македонија не смеат да бидат жртви и не смеат да бидат казнети заради криминалниот клан на Зоран Заев. Зоране Заев доста е, го силуваше и жртвуваше минатото, не жртвувај ја и иднината на Македонија! Твоето заврши, излези на избори“ порача Стоилковски.

извор: Makfax