Српскиот претседател одговрајќи на новинарско прашање на осмиот „Белградски безбедносен форум“, рече дека на 1 јануари 2019 година, Србија ќе има понизок јавен долг од Македонија.

„Кога станав претседател на Владата, јавниот долг на Србија беше 79% од БДП, а јавниот долг на Македонија беше приближно 30%. Србија на 1 јануари ќе има понизок јавен долг од Македонија. Ќе биде 48%, а македонскиот ќе биде 52%“, рече српскиот претседател.

„Можеби сум политички виновен за милион нешта, но за тоа сум заслужен и тоа ќе влезе во учебници“, дополни Вучиќ. Тој рече дека 3 години по ред, Србија има суфуцит во буџетот и дека 55% од странските директни инвестиции за Западен Балкан ги обзбедила неговата земја.

Вучиќ, говореше и за политичката одговорност кога се во прашање компромисите меѓу Македонија и Грција и Србија и Косово.

„Нема сомнеж дека и Брисел и Приштина мора да отстапат од своите ставови. Како што моравте и вие на различни начини, па уште ништо не сте направиле, се чека да се види како тоа ќе оди. Тоа е смислата на компримисот“, одговори српскиот претседател.

На прашањето дали е подготвен да понесе политичка одговорност во смисла на преговорите со Приштина, Вучиќ рече: „Ако правите добри работи за вашата земја, ништо не е важно, дали тоа ќе го предизвика вашиот политички пад. Каква врска има тоа? Направивте добра работа за вашата земја“, рече Вучиќ.

Претходно на утринскиот панел, претседателот на Србија изјави дека по неуспешниот референдум во Македонија и изборите во Босна и Херцеговина, неопходно е посилно присуство на Европската Унија, за да се зачува мирот и стабилноста на Западен Балкан.

извор: Makfax