Новата година пристигнува во источните делови на планетата, а милиони луѓе ја поздравија во Нов Зеланд и Австралија.

Нов Зеланд е една од првите земји каде што пристигна новата 2020 година, со спектакуларен огномет.

Новогодишната ноќ на Австралија се слави во сенка поради смртоносните пожари што беснеат низ целата земја, но традиционално, спектакуларниот новогодишен огномет се одржа во Сиднеј.

Голем број луѓе се собраа на сиднејското пристаниште, иако чадот на небото е црвен поради многу пожари, пренесува „Ројтерс“.

Во голем број градови на источниот брег на Австралија огнометите се откажани поради страв од нови пожари.

Новата година прва пристигна на јужнопацифичкиот остров Самоа.

извор: Makfax