Најважна карактеристка за Сашко Николов е тоа што одбра да го направи во Штип, иако со својата стручност и компетентност може да оди во странство и да зема огромни пари, рече потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски во обраќање по повод локалните избори кои во Штип ќе се одржат на 13 декември и кандидатот на партијата на власт.

„Тој одбра да биде овде во својот град, да направи нешто добро за државата, тоа е една голема препорака, тоа е патриотизам“, нагласи Спасовски.

Тој истакна дека изборите се прават заради граѓаните, а одговорноста на политичките партии се гледа и тука, дали ќе учествуваат или не.

„ВМРО-ДПМНЕ со неучеството на изброите во Штип покажа лицемерие, страв и бегство од пораз“, смета потпретседателот на СДСМ.

Спасовски воедно ги повика штипјани на 13 декември да ја земат иднината во свои раце и масовно да излезат на гласање, на фер, демократски и безбедни избори на кои, како што рече, нема здравствен ризик.

извор: Makfax