Неколку луѓе се повредени на кружен тек во Никшиќ, откако возач на автомобил „бмв“ влетал во група луѓе кои ја славеле изборната победа на опозицијата во Црна Гора.

Од полицијата е соопштено дека има повеќе повредени, додека едно лице е во тешка состојба.

Инцидентот се случил на кружен тек во близина на автобуска станица.

Според информациите, предниот дел од возилото е целосно уништен, што укажува на силината на ударот.

Како што рекле сведоци на настанот, возачот намерно се залетал во луѓето. Исто така, на социјалните мрежи објавено е и видео на кое се гледа како бесни луѓе го претепуваат возачот на „бмв-то“.

 

View this post on Instagram

 

Пребијање Милогорца кој је аутом улетео у људе

A post shared by Crna Gora / Црна Гора (@nasa_crna_gora) on

Засега не е утврдено дали е возачот е уапсен, како ни тоа дали се залетал намерно во народот.

извор: Makfax