Група млади луѓе во ресторан на англискиот Девон направија сметка од 225 фунти (околу 250 евра), но наместо да платат, решиле да избегаат.

Сепак, тие беа снимени од безбедносна камера, а сопственикот на ресторанот, Роб Брадик, ги објави нивните фотографии и снимката на „Фејсбук“.

Група од три момчиња и три девојки уживаа во храна и алкохолни пијалаци во бистро на плажа пред да избегаат, рече тој. На социјалните мрежи тој ги потсети дека „заборавиле” да платат.

Morning,need a bit of Help.Six young people (3 male,3 female aged mid 20’s) booked a table at the Pier House last…

Gepostet von Robert Braddick am Sonntag, 30. Dezember 2018

Неговата објава предизвика големо внимание, а Роб вели дека не очекувал таква реакција. Имено, многумина сакаат да му помогнат да ги фати крадците, а тој на крајот дури и се облече во суперхеројски костим на Родни Тротер од популарните „Сплетки”.

Роб исто така вели дека ова е прв пат во седум години да мора да се справи со таква ситуација.

“ HOLY DINE AND DASH,BATMAN !!! “ Today I’ve been mostly fighting crime.#piergate #pierhousesix

Gepostet von Robert Braddick am Sonntag, 30. Dezember 2018

„Да бидам искрен, не станува збор за пари, тоа е прашање на принцип”, рече тој.

Полицијата од Девон и Корнвол повика сведоци да се јават со информации.

извор: Makfax