Најмалку шест луѓе загинаа во силно невреме во јужниот дел на Мисисипи, каде исто така се оштетени и околу 300 куќи и згради во Луизијана.

Еден човек загинал во округот Волтхол, двајца во Лоренс, а тројца во округот Џеферсон Дејвис. Сите три окрузи се на околу еден час возење јужно од Џексон, близу Луизијана.

Националната метеоролошка служба соопшти дека силен ветар зафатил и други делови на Мисисипи, каде имало и торнадо.

Гувернерот на Мисисиспи, Тејт Ривес прогласи вонредна состојба, откако државата ја погодија неколку торнада, пренесе АП.

Од силниот ветар искинати се електрични водови, а на неколку куќи паднале стебла во Клерксдејл, во Мисисипи.

Градоначалникот на Монро во Луизијана, Џејми Лејо, изјавил дека во невремето оштетени се 200-300 куќи, а во градот се откажани летовите од регионалниот аеродром каде е оштетна пистата, како и неколку авиони во хангарот.

извор: Makfax