Силно невреме проследено со дожд и грмотевици го погодија поголемиот дел од Далмација, а најстрашно било во средна Далмација, објавија хрватските медиуми.

Силно невреме ги зафати Чиово и Трогир каде се поплавиле улиците. Во цела Хвратска на сила се предупредувања за невреме. Додека за копнениот дел на земјата на сила е жолт аларм, на Јадран на сила е портокалов аларм, како поради силен ветер така и поради можност од пороен дожд и грмотевици.

извор: Makfax