Новиот дел од ѕидот кој е поставен на границата меѓу САД и Мексико, е урнат од силни ветрови, по што се навалил на дрвјата на мексиканската страна на границата, објави Си-ен-ен.

Sидот од метални плочи бил поставен на бетонски темели кои сè уште не биле зацврстени, па вчера попуштил под налетот на ветрот. Карлос Питонес, од американската гранична служба изјавил дека изјави дека штетата се случила во малиот град Калексик, Калифорнија.

Три години по стапувањето на должноста, најголемото предизборно ветување на Трамп за изградба на ѕид кон Мексико за да ја спречи миграцијата, се соочува со голем број правни и логистички пречки. Трамп се обидува да извлече стотици милиони долари од буџетот за да изгради повеќе од 700 километри ѕид.

Претходно, администрацијата на Трамп објави дека успеала да изгради 161 километар од ѕидот, но главно станува збор за замена на постоечкиот ѕид со нов, а во помала мерка за изградба на нов.

извор: Makfax