Се урна мост во местото Албијан, во близина на Аула во Тоскана, јавуваат италијанските медиуми.

При тоа останало затрупано едно возило, најверојатно камион.

„Кориера дела сера“ известува дека во инцидентот нема повредени.

Според првичните извештаи на пожарникарите кои работеле на местото на настанот, возачот на возилото успеал да избега и сега е на безбедно.

Портпаролот на италијанската противпожарна бригада изјави дека возачот на камионот е повреден.

Не се знае што предизвикало да се урне мостот.

Мостот на инаку прометниот провинциски пат се урнал во близина на градот Аула, на половина пат помеѓу Џенова и Фиренца.

извор: Makfax