Во Киев ноќта меѓу 2 и 3 јануари дошло до тепачка меѓу 26-годишен припадник на обезбедувањето на украинскиот претседател, Петро Порошенко, идентификуван како Василиј Хмељук и минувач кој водел две кучиња. Телохранителот добил удар по главата, по што паднал и наскоро починал.

Како што пишуваат украинските медиуми, осомничен за убиството е познатиот украински боксер Петро Очерeтјан на кого сега му се заканува затворска казна од 15 години.

Видео од убиството на членот на обезбедувањето на украинскиот претседател беше објавено на интернет.

извор: Makfax