Германскиот фудбалер со турско потекло, Месут Езил се ожени во Истанбул, а кум на неговата венчавка беше турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган.

Венчавката на фудбалерот на Арсенал и поранешната мис на Турција, Амине Гулсе беше одржана пред 300 гости во еден луксузен хотел на Босфордот, пренесуваат германските медиуми.

Свадбата имала хуманитарен карактер, бидејќи младенците решиле да се одречат од подароците и да покренат акција со која ќе помогнат да бидат исплатени операциите кои би ги спасиле животите на 1.000 деца.

Езил, кој е роден во Германија, лани наиде на критики во германската јавност кога позираше заедно со Ердоган, непосредно пред изборите во Турција. Тој никогаш не криеше дека го поддржува Ердоган.

извор: Makfax