Роб Хајсинг (24) од Велика Британија е сосопственик на синџирот „Пан-н-ајс”, кој има штандови во трговските центри во Лондон и Манчестер и знае како да го привлече вниманието на јавноста.

На социјалните мрежи се сè пoпопуларни снимките во кои Британец се покажува себеси додека прави сладолед, забавувајќи се и смеејќи се. Тој кажуваа дека сладоледот е секси, притоа движејќи се како да води љубов.

Неговото гледање во камерата е особено провокативно, тврдат некои.

View this post on Instagram

Back in my favourite neighbourhood ??

A post shared by Rob Huysinga (@robhuysinga) on

Објавувањето на Твитер на Денот на жената го погледнаа над 6,8 милиони корисници и имаше илјадници коментари. Во видеото тој вели дека тоа што го гледаат е „за сите убави дами” и ја повторува фразата дека „сладоледот ги прави момчињата сексапилни”.

Неговите движења се доста предизвикувачки – алудирајќи на оние за време на водење љубов.

Едни го обожаваат, а други сметаат дека претерува со обидите да шармира. Многу жени го сакаат, а мажите му наоѓаат мани, пишува „Дејли мејл“.

извор: Makfax