За неколку часа репрезентативците на Португалија ќе го стартуваат последниот дуел од групната фаза на ЕП во Франција.

Избраниците на Фернандо Сантош имаа обврска да слават во дуелот против селекцијата на Унгарија затоа што само така ќе изборат пласман во 1/8 финалната рунда.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=JnkIjzDUq6Q]

Дека пости голема доза на нервоза во таборот на португалската репрезентација покажа најголемата ѕвезда Кристијано Роналдо кој за време на последната прошетка, го зема микрофонот на новинарот, кој сакаше да му постави прашање, и го фрли в река.