Седницата на албанскиот Парламент денеска беше накратко прекината, откако пратеникот на опозициската Демократска партија, Ендри Хаша, го гаѓаше со јајца премиерот Еди Рама, кој во одело, бела кошула и вратоврска бил на говорницата.

Во исчекување да интервенира претседателот на парламентот Грамоз Ручи, Рама мораше да ја напушти седницата, објави порталот Albeu.com.

Фотографија на која се гледа како Хаша го гаѓа Рама со јајца, објави и поранешниот премиер Сали Бериша со порака „За присутните – тост и јајца“.

Порталот „Љајми фундит“ објави дека Хаша го гаѓал Рама со јајца, додека премиерот бил на говорницата, а потоа, како што се наведува, следувал конфликт меѓу пратениците и обезбедувбањето во парламентот.

извор: Makfax