Рускиот претседател, Владимир Путин, и неговиот египетски колега Абдел Фатах ал Сиси вчера се возеа по формула 1 патеката во Сочи.

Путин управуваше со лимузината „аурус сенат“, која е дел од неговата богата флота, а во автомобилот му се придружи и колегата од Египет.

Лидерите претходно имаа состанок со цел да разговараат за актуелните прашања. Потоа отидоа на обиколка на возниот парк, каде што имаа можност да ги видат и другите два „аурус“ модела.

извор: Makfax