Жени мигранти, повеќето од Авганистан, кои побарале азил во Грција, организирале протест во центарот на главниот град на Лезбос, Митилене.

Тие се сместени во прифатниот центар Морија.

Под слоганот „Морија е пекол“, околу 300 жени и нивните деца побараа да бидат преместени од Морија и протестираа поради лошите животни услови во тој камп, пренесува агенцијата АНА.

Моментално во кампот Морија на Лезбос престојуваат 19.500 баратели на азил, иако објектот е проектиран за 2.480 луѓе.

извор: Makfax