Неколку стотици демонстранти се собраа во неделата вечерта пред зградата на руската амбасада во Киев.

Тие пред зградата на руската амбасада како што објави Би-би-си оставиле бродчиња направени од хартија.

Според руските медиуми, тие пред оградата исто така поставиле гуми што се обиделе да ги запалат, но полицијата реагирала и ги спречила да го сторат тоа.

Претходно, демонстрантите фрлаа димни бомби во дворот на зградата на руската амбасада.

извор: Makfax