Најмалку едно лице загина, а пет се повредени во пукотница што се случи во неделата вечерта во ресторан во Чикаго.

Три лица се пренесени во болница во критична состојба.

Според првите информации, жртвата за која бил „наменет куршумот“ е убиена. Мажот бил застрелан од џип во движење додека седел во градината на ресторанот.

Засега не е познато кој пукал, како и идентитетот на жртвите.