Момче кое на католичката бадникова вечер на Плоштадот Бан Јелачиќ во Загреб пред запрепастените минувачи, собори маскота на мечка во која бил 31-годишен човек, е осомничено за особено дрско однесување, соопшти денеска полицијата.

Во изјавата се вели дека против него ќе биде поднесена пријава во Општинскиот прекршочен суд за „особено дрско однесување опишано во Законот за прекршоци против јавниот ред и мир“.

Полицијата соопшти дека 25-годишниот маж на 24 декември околу 23 часот намерно се залетал кон маскотата на мечка, со што предизвикал вознемиреност кај граѓаните и минувачите.

Снимката од настанот, објавена на фејсбук страницата „Пургер“, прикажува како младиот човек со сета сила се залетува кон маскотата и ја турка.

Не го спречиле ни апелите од собраните граѓани да не го прави тоа, бидејќи околу маскотата биле собрани повеќе деца.

извор: Makfax