Новата ТВ серија “The Alienist”, ќе имаме можност да ја гледаме следната година. Иако ќе ја почекаме малку, кога ќе ја чуете актерската екипа ќе се согласите дека вреди да се почека крајниот резултат.

Во главните улоги се талентираната Дакота Фенинг, Лук Еванс и Даниел Брул. Приказната на серијата е за мистериозни убиства на проститутки во Њујорк во 1986 година. Истрагата ја води полицаецот Теди Рузвелт, а неговата работа ја олеснуваат д-р Лазло Крајцлер и тајната агентка Сара Хауард. Што сè ќе им застане на патот и како оваа екипа ќе се согласува, ќе дознаете доколку му пружете шанса на серијата.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=XFBPJWBUuNg]